fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

За еден ден поднесени се над 50 барања за проценка на штети од невремето во Неготино

Од опшината информираат дека биле предизвикани големи и сериозни штети на објекти, инфраструктура, земјоделски површини.

За еден ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети од невремето кое пред два дена го погоди Неготино.

Од опшината информираат дека биле предизвикани големи и сериозни штети на објекти, инфраструктура, земјоделски површини.

„Со цел за подетално утврдување на фактичката состојба на терен и настанатите штети, општина Неготино формираше Комисија која со работа започна уште рано утринава и за само 1 ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети. Комисијата продолжува со работа и во наредните денови и сите граѓани можат да поднесат барање за проценка на штети“, соопштија надлежните од општината.

По прибирањето на сите барања, членовите на Комисијата ќе излезат на терен и ќе извршат соодветна проценка на пријавените штети.

Вчера Центарот за управување со кризи информираше дека тринаесет пожарникари со 3 противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Неготино и 6 пожарникари со 2 возила и 2 пумпи за испумпување на вода од Кавадарци, биле ангажирани за санирање на штетите по големото невреме кое го погоди Неготино.

Невремето траело 20 минути, а епилогот е паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци, со што причинета е голема штета.

Неготинчани коментираат дека вакво невреме на паметат.https://makfax.com.mk/makedonija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close