
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Дизелот останува по цена од 101,5 денари, бензинот „се спушта“ на 87,5 денари
Дизел горивото останува со непроменета цена, а намалување ќе има кај бензините од два денари по литар.
Регулаторната комисија за енергетика ги објави максималните цени на нафтените деривати по кои ќе се продаваат од вечерва по полноќ. Дизел горивото останува со непроменета цена, а намалување ќе има кај бензините од два денари по литар.
Цени по кои ќе се продаваат нафтените деривати:
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 101,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,955 (денари/килограм)
Претходно денеска, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски изјави дека според светските берзи, нема услови за намалување на цената на дизел горивото.