Донесена е мерка за засилен отстрел на дивите свињи за запирање на болеста
Веќе е започната ловната сезона во сите ловишта освен во Македонска каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта од оваа болест.
Министерството за земјоделство донесе решени за засилен отстрел на дивите свињи со акционен план како дел од мерките за спречување на ширењето на болеста африканска свинска чума која главно се шири преку дивечот, кој слободно се шета и ја пренесува болеста. Од пред два дена веќе е започната ловната сезона во сите ловишта освен во Македонска каменица, Виница, Кочани и Делчево како места каде имаше жаришта од оваа болест. Сега на потег се ловџиите кои треба да помогнат да се спаси домашното производство на свињи кое целосно го задоволува домашниот пазар, а кое сега е под сериозна закана од дивечот, но и од несовесните одгледувачи на по неколку свињи во своите дворови откако се фатија два случаи како од зона жариште каде ја има болеста преку ноќ со коли се пренесуваа маторици и прасиња во други региони и така дополнително се ширеше болеста.
Веќе е формирано координативно тело во кое се вклучени сите релевантни институции, науката и директните производители на свинско кои даваат свои предлог мерки за подобра заштита. Болеста која воопшто не е опасна за човекот туку има економско негативно влијание врз сточниот фонд и која три години ја имаше зад границата со Бугарија и Србија прв пат се појави на почетокот на годината во јануари во село Драмче Делчевско за потоа по пауза од половина година повторно да се појави со 6 нови жаришта најпрво во Македонска каменица па потоа и во кочанско виничката котлина. Досега како мерка за заштита околу жариштата не штетено се убиени 2153 свињи од неколку села а се уште во тек е мерката за економско искористување на свињите во зоната од 10 километри околу жариштата. Ова само покажува колкави можат да бидат штетите по домашната економија ако и овој пат мерките за засилен отсрел на дивите свињи останат на хартија како што тоа беше случај пред 3 години кога имаше и владина одлука која ловџиите на ја почитуваа.