fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Град во Холандија прв во светот забрани рекламирање на месо

Обид да ја намали потрошувачката и емисиите на стакленички гасови

Холандски град ќе стане првиот во светот кој ќе забрани рекламирање на месо во јавните простори во обид да ја намали потрошувачката и емисиите на стакленички гасови.

Харлем, кој се наоѓа западно од Амстердам и има околу 160.000 жители, ќе ја донесе забраната од 2024 година откако месото беше додадено на списокот на производи за кои се смета дека придонесува за климатската криза, пишува „Гардијан“.

Рекламите се забранети во автобусите, на билбордите и на постерите низ Харлем, што предизвика поплаки од луѓето кои држат месари или работат со месо, кои велат дека општината „претерува кажувајќи им на луѓето што е најдобро за нив“.

Во една неодамнешна студија се вели дека шумите кои апсорбираат јаглерод диоксид се сечат за пасење на животните, додека ѓубривата што се користат за одгледување на нивната храна се богати со азот, што може да придонесе за загадување на воздухот и водата, климатските промени и осиромашувањето на озонот. Добитокот исто така произведува големи количества метан, моќен стакленички гас.

Зиги Клазес, советничка од холандската партија Гроенлинкс, која го подготви предлогот за забрана на рекламирање месо, рече дека не знаела дека градот ќе биде првиот во светот што ќе спроведе таква политика кога таа ја предложила.

Таа за радио каналот Харлем105 изјави: „Ние не се занимаваме со тоа што луѓето печат и готват во својата кујна; ако луѓето сакаат да продолжат да јадат месо, добро… Не можеме да им кажеме на луѓето дека има климатска криза и да ги охрабриме да купуваат производи кои се дел од причината.https://www.slobodenpecat.mk/grad-vo-holandija-stana-prv-vo-svetot-koj-zabrani-reklamiranje-na-meso/

„Се разбира, има многу луѓе за кои одлуката е срамна и покровителска, но има и многу луѓе кои мислат дека е во ред. Тоа е сигнал – ако се прими на национално ниво, тоа би било многу убаво“, вели Клазес.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close