fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Потпишани 24 договори за набавка на силоси

МЗШВ: Поддршка во модернизација на земјоделските стопанства

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека вупно 24 апликанти ќе ја искористат мерката за финасиска поддршка во набавка на силоси.

Оваа поддршка доаѓа преку Програмата за рурален развој мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, однсно подмерката 121.9 набавка на силоси, за што во текот на месец април беше објавен јавен повик од стана на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој траеше до 20-ти мај 2022 година.

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно законот за земјоделство и рурален развој.

Финансиската поддршка е наменета за инвестиции во набавка на силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, `рж, тритикале и пченка) во сточарството со максимален капацитет до 25 тони.

Максималниот износ на финасиската поддршка е до 1.000.000 денари по корисник, во форма на кофинансирање до 75% од вкупната вредност на набавката.

Како министерство постојано ги поддржуваме земјоделците во набавка и модернизација на опремата преку повеќе мерки од Програмата за рурален развој. Обезбедивме поддршка за земјоделците, и јавните повиц се веќе завршени, преку кои помагаме во набавка на трактори, опрема за производство на тутун и мандри.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close