fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

НОВО! Николовски најавува нов модел на субвенционирање на земјоделското производство

Следуваат дополнителни субвенции кои ќе бидат врзани со предавање во домашни односно регистрирани капацитети како и зголемен принос.

Министерот Љупчо Николовски најавува нов модел на субвенционирање на земјоделското производство
Утрово имав брифинг со новинари, на кои ги презентирав основите на новиот модел на субвенционирање кој во следниот период сите релевантни субјекти ќе ги консултираме и заедно ќе го финализираме.Новиот модел се базира на:
🟢Субвенционирање на стратешките култури со цел Северна Македонија да не биде увозно зависна од истите.
🟢Следуваат дополнителни субвенции кои ќе бидат врзани со предавање во домашни односно регистрирани капацитети како и зголемен принос.
🟢Го ставаме во систем целиот синџир,се со цел намалување на сивата економија
🟢Руралната програма ќе стане инвестициска програма со отворени повици за вистинските земјоделци,односно оние кои егзистираат исклучиво од земјоделство.
🟢 Формирање на нов осигурителен пул со кој воведуваме задолжително земјоделско осигурување кое првите три години ќе биде субвенционирано и поддржано.
🟢Воведуваме нова мерка за Советодавни услуги за секој земјоделец
🟢 Воведување на новиот decoupling европски модел.
🟢Авансна исплата на дел од субвенции и пред административната контрола.
🟢Продолжуваме со успешната примена на Интервентниот фонд.
🟢Нова мерка за поддршка на смарт земјоделство со фокус на автоматизирање на органско производство преку контрола на финалниот производ.
🟢Креирање на нова Програма за развој на задруги и поттикнување на здружувањето кај земјоделците.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close