fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Двојно зголемено производството на сончоглед за масло за јадење

Ова ќе биде прва година во која ќе имаме дуплирано производство - околу 6.000 хектари се површините со пролетната сеидба.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски информира дека годинава со прехрамбената криза која ја донесе војната во Украина двојно е зголемено производството на сончоглед како суровина за производство на масло за јадење.

Според министерот, за тоа голем придонес дала, како што вели, успешната политика на субвенционирање на земјоделците, која беше воведена по енормното поскапување на зејтинот во маркетите.

– Постојано се зголемуваше увозот на оваа суровина од надвор. Ова ќе биде прва година во која ќе имаме дуплирано производство – околу 6.000 хектари се површините со пролетната сеидба. Голем број аплицираа за поддршка за вештачко ѓубриво од 30 проценти и очекуваме над 10.000 тони сончоглед, што значи удвојување на производството за краток период и покривање на двемесечни потреби на државата од увозот на сончоглед кој го имаме, рече Николовски како одговор на новинарско прашање.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close