fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Напуштено приватно земјиште ќе се дава под наем, осигурувањето ќе биде задолжително

Сопствениците ќе имаат определен период во кој ќе можат да се изјаснат, но не прецизираше на кој начин тоа ќе може да се прави.

Според измените на Законот за земјоделство, кои треба да се изгласаат во Собранието, и напуштеното земјоделско земјиште кое е во приватна сопственост ќе се дава под наем.

– Во законските измени предвидуваме и напуштеното приватно земјоделско земјиште да имаме право како држава да го дадеме под наем под соодветни услови откако тоа земјиште ќе биде евидентирано дека е напуштено или не се обработува од сопствениците. Целта е да го искористиме целиот потенцијал, сите ресурси и да не оставиме ниту една педа необработена земја – рече Николовски.

Тој појасни дека сопствениците ќе имаат определен период во кој ќе можат да се изјаснат, но не прецизираше на кој начин тоа ќе може да се прави.

Исто така, од 2024 година осигурувањето на земјоделците ќе биде задолжително, затоа што иако државата покрива 60 отсто од осигурителните полиси, се намалува интересот кај земјоделците за осигурување.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close