Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски-Исплатени се 682.8 милиони денари за обележани грла овци
Има субвенции за одгледани и заклани гоеници и за сертифициран семенски материјал
Директорот на Платежната агнеција, Никица Бачовси објави дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализираше исплата на 3 мерки од програмата за директни плаќања.
На сметките на 2.984 лица се исплатени 682.8 милиони денари за обележани грла овци од сите категории.
Кон близу 8.000 лица се исплатени 229 милиони денари за пријавени површини со задолжителна употреба сертифициран семенски материјал.
Реализирана е и исплатата за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети кон 136 лица со во висина од 150 милиони денари.