И ајварот станува луксуз – земјоделците револтирани ги фрлаат пиперките
Видео
Земјоделците изреволтирани ги фрлаат пиперките во депонија, бидејќи не можат да си ги покријат трошиците. И додека едни ги фрлаат, на други на пазар им се скапи. Трети тријат раце, а тоа се трговците кои се единствените очигледно со заработка во целиот процес од нива до крајниот потрошувач.
Го посетивме Зелен пазар каде пиперката за ајвар се продава по 50 денари што е за трипати повеќе од откупната. Ги прашавме граѓаните дали ќе купуваат или ќе прават ајвар со оглед на тоа дека и зејтинот годинава е поскап и се движи од 130 до 140 денари.
И доколку сте во дилема дали да правите или да купите ајвар, еве што вели нашата математика. За дваесет тегли домашен ајвар се потребни околу 60 килограми пиперки, од кои килограм чини 50 денари, потоа потребни се 4 литри зејтин, чија цена е 130 денари.
Тоа значи дека ќе потрошите најмалку 3 500 денари. Доколку одлучите да си купите од маркет таму цената се движи од 250 до 350 денари зависно од производителот. Ако ја земеме најниската цена, 20 тегли ајвар ќе ве чинат 5000 денари.https://mk.tv21.tv/i-ajvarot-stanuva-luksuz-zemjodeltsite-revoltirani-gi-frlaat-piperkite/