Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Арамија од Канатларци фатен на дело, признал 13 кражби
Криминалистичка полиција и Полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Х. В (52) од с. Канатларци, прилепско.
Вчера во 14.50 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од Криминалистичка полиција и Полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Х. В (52) од с. Канатларци, прилепско.
Тој бил затекнат при извршување тешка кражба од трансформатор. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од други кривични дела, кои, исто така, биле вратени на сопствениците.
Лицето било приведено во полициска станица и во службен разговор признал уште 13 кривични дела „тешка кражба“. По целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.