fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите велат дека производството е во опасност ако цените не се зголемат до 25 отсто

Според Менде Стомнароски, претседател на Сојузот, годинашниов род е со добар квалитет и иако се договорени речиси 26.000 тони, реколтата се оценува на околу 18.500 тони, речиси на ланското намалено ниво.

И тутунопроизводството како земјоделско-индустриска гранка е во опасност од рапидно намалување на производството доколку тоа не стане исплатливо. Ситуацијата ќе зависи од претстојниот откуп и цените за продажба на родот, оценуваат во Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Се бара зголемување на цената по класи за 20 до 25 отсто.

Според Менде Стомнароски, претседател на Сојузот, годинашниов род е со добар квалитет и иако се договорени речиси 26.000 тони, реколтата се оценува на околу 18.500 тони, речиси на ланското намалено ниво.

– Моментално тутунот е со добар квалитет. Дождовите ја поправија ситуацијата да не потфрли родот. Тоа и ја забрза бербата. Но, сметаме дека годинава нема да се постигнат договорените количества. Реколтата е на ниво на ланската и прашање е колку ќе се постигне. Ако се договорени близу 26.000 тони, сметаме дека оваа година реколтата ќе биде може и помалку од лани, најмногу до 18.500 тони тутун, вели Стомнароски.

Преговорите за повисоки откупни цени се почнати уште пролетта, но, сега е вистинскиот момент за сериозни преговори со откупувачите.

– Веќе еден од откупувачите најави зголемување на цените по класи за 15 проценти, а очекуваме тоа да го следат и другите. Доколку не се зголемат цените, в година ќе се соочиме со уште помал род и во опасност ќе биде да се уништи тутунопроизводството. Мора да се зголемат цените. Партнерскиот однос помеѓу производителите и откупувачите треба да се изедначи, зашто никој по оваа цена нема да засади тутун, објаснува Стомнароски.

Злате Дамоски, претседател на прилепското тутунско здружение „Мице Козар“ смета дека реалната исплатлива цена за производство е да се зголеми откупната за 20 до 25 проценти.

-За нас, оптималната цена е таа да не биде под 240 денари за килограм. Под тоа е неисплатливо. Реално е да се зголеми за 20 до 25 насто. Сето друго го доведува во опасност тутунопроизводството. Ќе нема кој да засадува, ќе исчезне од нивите, вели Дамоски.

Инаку, цените по класи се, за прва 280, за втора 200, за трета 155 и 150 денари за килограм, а збирната, четврта класа е 90 денари. Од тутунопроизводство, во земјава живеат речиси 30 000 семејства. Најголемиот дел од производството е во Прилепско-пелагонискиот регион.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close