fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

МВР постапува по хакерскиот напад во Министерството за земјоделство, кој бара откуп?

Последиците од ваков напад може да биде катастрофален и за поединци и за компании и против ваков вирус тешко е да се бори откако компјутерот или системот ќе биде веќе заразен.

Секторот за компјутерски криминал во Министерството за внатрешни работи постапува по пријавата од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство за хакерски напад на нивниот електронски систем. Од МВР за МКД.мк одговорија дека се работи за рансомвер напад. Ваков вид напад најчесто подразбира и барање на голем откуп.

Последниве години во пораст се хакерските напади со еден од најштетните облици на софтвер – рансомвер (ransomware). Се работи за посебен вид на злонамерен софтвер за барање откуп од своите жртви со закани дека ќе се објават, избришат или ќе се забрани пристапот до украдените податоци.

Последиците од ваков напад може да биде катастрофален и за поединци и за компании и против ваков вирус тешко е да се бори откако компјутерот или системот ќе биде веќе заразен.

Има неколку вида на рансовер, преку кои се пребаруваат податоци од вашиот компјутер, се шифрираат документи кои стануваат недостапни, се заклучува компјутерот… потоа се бара откуп за средување на сите овие проблеми. Во спортивно податоците ги снемува засекогаш или се јавно се објавуваат компромитирачки информации, фотографии, видое записи, финансиски податоци…

Од МВР засега не кажуваат дали бил побаран откуп и за тоа дали се работи за внатрешна саботажа или за надворешен упад.https://www.mkd.mk/makedonija/politika/mvr-postapuva-po-hakerskiot-napad-vo-ministerstvoto-za-zemjodelstvo-koj-bara

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close