fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Претставување на „Слоу фуд Македонија“ на Тера Мадре во Торино

130 земји и 700 изложувачи на храна ќе бидат присутни на најголемиот и најинтересниот глобален настан посветен на земјоделството, храната и гастрономијата наречен Тера Мадре Салон дел Густо.

Од четврток вкусовите на целиот свет се сместени во Торино, Италија: 130 земји и 700 изложувачи на храна ќе бидат присутни на најголемиот и најинтересниот глобален настан посветен на земјоделството, храната и гастрономијата наречен Тера Мадре Салон дел Густо.

Од 22 до 26 септември во Регионот Пиедмонт и градот Торино под мотото „Време е за регенерација“ и „Слоу фуд Македонија“ ќе се претстави со своите репрезентативни и автентични производи, президиуми, работилници и презентации. Во павилјон од 100 метри квадратни со организирана кујна, сала и саемски изложбен простор ќе се прикаже традиционалното гастрономско благо- преку вкусната храна и гастрономските специјалитети карактеристични за нашата земја.

На отварањето на македонскиот павилјон ќе присуствува Весел Мемеди, македонскиот амбасадор во Италија и Лидија Попандонова, претставничка на Македонија во Организацијата за храна и земјоделство на ОН, ФАО и заменик на Европската комисија за земјоделство на спомнатата Организација .

Слоу фуд Македонија ќе ја претстави земјата низ многубројни презентации, локални производи, работилници, информативни дебати: „Арката патува низ македонските планини, долини и езера“, потоа, дегустации на автентични македонски производи на кои им се заканува опасност од исчезнување.
На штандот на Македонија ќе се зборува за нашата медоносна пчела, а преку ритуалот на подготовка на свадбарска погача ќе се презентира – чурек.

Овчеполското јагне, најпознат извозен бренд во Италија, во организација на земјоделската задруга „Еко Овчеполка“ ќе биде дегустиран и оценуван секој ден.

Следат и презентација на првото издание на Водичот Slow Wine и дегустација на одбрани вина, потоа –  „Училишните градини- зелени училници на иднината“, „Новите дечки на стариот занает“ -цпреку традиционалните и иновативните дестилати и уште нешто од традиционалното: во Торино ќе се сучи охридскиот комат.

Многубројните посетители и сите учесници на саемот ќе можат да ги вкусат јадењата карактеристични за македонската кујна: тавче гравче, пинџур, ајвар, тикварник, домашен леб… што ќе ги подготвуваат готвачите од македонската алијанса на Слоу фуд.

Презентација на Слоу фуд гостилници ќе го долови нашето традиционално гостопримство преку гастрономската тура низ Македонија, потоа, на лице место ќе се проследи подготовка на ширден – најпознатиот прилепски специјалитет, ќе има претставување на новата пивска сцена и дегустација на  занаетчиски произведени пива.

На македонската слоу фуд презентација во паркот Дора, на 14-тото издание на Тера Мадре ќе се случуваат и: „Алхемија на вкусовите“, резервирана за новите иновативни производи на младите производители, „Македонското сточарство и млекарство, преку- млеко, планини и традиција“, а македонските президиуми на панелот Slow Food Travel Balkans ќе се обединат околу можноста Балканот да има заедничка туристичка понуда и ќе дебатираат како да се валоризира наследнството на храна.

Тера Мадре е најважен настан посветен на културата и храната што се организира на секои две години, а на манифестацијата ќе присуствуваат преку 50 делегати од мрежата на Слоу фуд Македонија: производители, професори, готвачи, активисти и членови на Слоу фуд кои заедно ја креираа програмата.

Настанот се реализира со финансиска поддршка на  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу фуд интернационал, како и со поддршка на  „Серта компани“ ДОО, Скопје и ЗЗ „Еко Овчеполка“ и логистика на македонската заедница во регионот Пиемонт.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close