fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Општина Кочани ќе го избира најуспешниот земјоделец за 2022 година

Целта е да се стимулираат регистрираните земјоделци да ги претстават своите успеси во производството на земјоделски култури, односно во производството на оризот.

Општина Кочани ќе го избира најуспешниот земјоделец за 2022 година. Одборот за организирање на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ го објави конкурсот за доделување на наградата, во рамки на изборот што годинава ќе биде по тринаесетти пат.

Целта е да се стимулираат регистрираните земјоделци да ги претстават своите успеси во производството на земјоделски култури, односно во производството на оризот.

– За наградата која е парична и изнесува 60 илјади денари, можат да конкурираат физички лица чиј земјоделски имот се наоѓа на територијата на општина Кочани и се регистрирани или евидентирани земјоделски производители во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, се нагласува во јавниот повик на Општина Кочани.

Се информира дека секој од пријавените кандидати ќе добие бодови според количината на предадената арпа, односно ориз до 30 август годинава.

– Ќе се бодуваат и остварените приноси од еден хектар, површината на земјоделско земјиште со која располага кандидатот, дали е млад земјоделец и дали има значајни остварувања и постигнувања во областа на земјоделството на државно и на меѓународно ниво, право на учество во постапката за конкурирање немаат лицата на кои претходно им била доделена таква награда во последните 7 години, се вели понатаму во повикот.

Секој предлог треба да се поднесе во писмена форма, при што треба да содржи и соодветно образложение. Пријавувањето на кандидатите трае до 4 октомври, а пријавите можат да се достават по пошта или да се поднесат во едношалтерската канцеларија на Општината.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close