fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

„Пари“: Колку пари одат кај работниците, колку задржуваат газдите?

Најголем работодавач е Дрекслмајер. Ланската просечна нето-плата во Дрекслмајер била 20.264 денари, а во државата 28.718 денари.

Кај десетте најголеми работодавачи во 2021 година, работеле 25.647 работници. Заедно, тие направиле приход од околу 1,1 милијарди евра, што е околу 10 проценти од целиот бруто-домашен производ. Во просек, ова значи дека секој работник е одговорен за создавање на годишен приход од 42.890 евра, или месечен од 3.574 евра (218.140 денари). Сите компании во кои работат, минатата година ја завршиле со добивка, а вкупниот износ на добивката е 58,8 милиони евра, или секој работник, во просек, креирал добивка од 2.292 евра годишно, или по 191 евра месечно (11.746 денари). Просечната нето-плата во овие десет компании заедно била 24.950 денари. Бројките доведуваат до интересен заклучок: нето-добивката креирана од секој поединец е речиси половина од вредноста на просечната плата.

Порталот Пари, во соработка со платформата БизнисМрежа.мк, дава одговор на прашањето какви се просечните нето-плати во секоја од фирмите – најголеми работодавачи, и дали тие се соодветни на добивките.

Еве што покажуваат податоците:

ТОП 10 работодавачи – добивки и просечни плати

Компанија Просечна нето-плата

(во денари)

Добивка

(во евра)

Број на вработени во 2021 год.
ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ‒ Кавадарци 20.264 2.700.000 5.626
КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ ДООЕЛ ‒ Битола 24.693 2.500.000 5.368
АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ‒ Кочани 21.788 4.400.000 2.185
НИКОБ ДОО експорт-импорт ‒ Скопје 17.401 2.100.000 1.997
ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз Прилеп 22.789 318.000 1.996
МАКПЕТРОЛ ‒ Скопје 33.659 22.300.000 1.870
АЛКАЛОИД АД ‒ Скопје 46.537 20.800.000 1.860
АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ ‒ Штип 20.452 469.000 1.853
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт ‒ Скопје 22.471 2.600.000 1.480
АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ ‒ Струмица 19.461 675.000 1.412

 

АЛКАЛОИД СО НАЈГОЛЕМА ПРОСЕЧНА НЕТО-ПЛАТА

Минатата година просечната нето-плата во државата била 28.718 денари. Над овој просек единствено биле Алкалоид и Макпетрол. Всушност, тие биле значително над просекот. Така, просечната нето-плата во Алкалоид била 46.537 денари, а во Макпетрол 33.659 денари. Во овие две компании има и најголеми профити. Во Алкалоид профитот е 20,8 милиони евра и таму работат 1.860 вработени. Во Макпетрол профитот е 22,3 милиони евра, а има 1.870 вработени.

Според рангирањето, Макпетрол е шестиот најголем работодавач во земјава, додека Алкалоид е седми.

КАЈ НАЈГОЛЕМИОТ РАБОТОДАВАЧ 30 НАСТО ПОД ПРОСЕКОТ

Најголем работодавач, како што веќе пишуваше Пари, е Дрекслмајер. Компанијата има вработено 5.626 работници, а ланскиот просек бил околу 30 насто помал од минатогодишната просечна нето-плата. Имено, ланската просечна нето-плата во Дрекслмајер била 20.264 денари, а во државата 28.718 денари.

Какво е рангирањето на десетте најголеми работодавачи во однос на просечните нето-плати може да се види од следнава табела:

 

Назив Нето-плати по вработен 2021
АЛКАЛОИД АД ‒ Скопје                                                           46.537
МАКПЕТРОЛ Акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати ‒ Скопје                                                           33.659
КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА БТ ДООЕЛ ‒ Битола                                                           24.693
ГЕНТЕРМ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз ‒ Прилеп                                                           22.789
ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт ‒ Скопје                                                           22.471
АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ ‒ Кочани                                                           21.778
АДИЕНТ СЕАТИНГ ДООЕЛ ‒ Штип                                                           20.452
ДММ ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ увоз-извоз ‒ Кавадарци                                                           20.264
АДИЕНТ АУТОМОТИВЕ ДООЕЛ ‒ Струмица                                                           19.461
НИКОБ ДОО експорт-импорт ‒ Скопје                                                           17.401

 

Целата анализа е достапна ТУКА.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close