fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

УНИШТЕНИ НАД ТРИ ИЛЈАДИ СВИЊИ, непопуларна мерка неопходна за спас на свињарството и масовно ширење на африканската чума

 Болеста африканска чума кај свињите досега е потврдена во населени места во општините Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Виница, Чешиново - Облешево, Штип и Карбинци.

Над три илјади свињи се уништени во земјава со цел спречување на ширењето на африканската чума од која најмногу заболуваат и страдаат токму свињите. Од моментот на утврдување на првиот случај на заболено животно со оваа болест, борбата за воведување на мерки кои ќе го спречат нејзиното ширење, меѓу кои и нивното уништување, создава револт кај одгледувачите, кои се сообраа на протест.

Последните податоци кои ги објави Агенцијата за храна и ветеринарство, велат дека во земајва досега поради оваа опака болест се уништени 3.304 свињи.

– Болеста африканска чума кај свињите досега е потврдена во населени места во општините Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Виница, Чешиново – Облешево, Штип и Карбинци. Според последните податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство, спроведени се мерки за депопулација на 3.304 свињи. Од нив, 3.171 се еутаназирани, а 133 се економски искористени со колење во кланица – посочија за Фактор од АХВ.

Африканска чума е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи кое предизвикува големи економски загуби во свињарството, сточарска гранка која во изминативе години бележи развој. Зависноста од увоз на свежо свинско месо е намалена, односно, Македонија, сега целосно ги задоволува потребите од свежо свинско месо од домашно производство.

– Африканската свинска чума е болест која брзо се шири и предизвикува големи економски штети. Се уште нема вакцина, односно станува збор за болест која не се лекува. Се пренесува и шири со директен контакт помеѓу здраво и болно животно, трупови од угинати животни и луѓе, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека, биолошки пренос од векторот – мек крлеж од родот Ornithodoros. Главните видови на животни кои се приемчиви на вирусот на африканска чума се домашните свињи, Европската дива свиња и Американски диви свињи, африкански диви свињи и крлежите  – објаснуваат од АХВ.

Од Агенцијата додаваат дека од исклучително голема важност е одгледувачите на свињи (комерцијалните фарми, но и селските домаќинства) да имаат имплементирано висок степен на биосигурносни мерки, но и да ги почитуваат донесените решенија за спроведување на контролни и заштитни мерки за болеста и препораките.

– Имајќи во предвид дека африканската свинска чума е болест која нанесува големи економски загуби во свињарството, уште во 2017 година, кога болеста зема замав во Европа и во регионот, АХВ почна со превентивни активности. Воведени беа задолжителни биосигурносни мерки на сите свињарски фарми, се спроведоа задолжителни клинички прегледи на одгледувалиштата со свињи, се вршеше засилен отстрел на диви свињи, а спроведени беа и голем број на едукации, почнувајќи од официјалните ветеринари, ловните друштва и одгледувачите на свињи, со цел полесно препознавање на болеста. Со појавата на првото жариште во делчевското село Драмче, во јануари годинава, но и по појавата на нови жаришта на болеста, мобилизирани се сите релевантни служби, со цел непрекинато и непречено спроведување на мерките за контрола и спречување на ширење на болеста, односно за појава на нови жаришта – потенцираат од АХВ.

Како што е веќе познато оваа болест не е зооноза, високо заразна е за домашните и дивите свињи кои се сметаат за главен резервоар на болеста. Болеста не влијае на здравјето на луѓето, односно не се пренесува на луѓето, туку обратно, луѓето можат да бидат нејзини преносители.

– Поради ова апелираме на крајна внимателност од страна на одгледувачите на свињи во комерцијалните фарми и индивидуалните домаќинства, но и од страна на ловџиите кои доколку одгледуваат свињи или работат на фарми со свињи, вирусот од дивата популација можат да го внесат и на фармите. Во однос на консумирањето на месо, безбедно е месото кое е термички обработено, односно она кое го минало соодветниот термички третман во преработувачките капацитети – потенцираат од АХВ.https://faktor.mk/unishteni-nad-tri-iljadi-svinji-nepopularna-merka-neophodna-za-spas-na-svinjarstvoto-i-masovno-shirenje-na-afrikanskata-chuma

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close