fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Владата наскоро ќе објави конкретни мерки за помош на најранливите категории граѓани

Влада за многу скоро време ќе излезе со конкретни антикризни мерки насочени кон најранливите категории на граѓани, како што правеше и од почетокот на кризата и во времето на КОВИД пандемијата, најави премиерот Димитар Ковачевски.

– Во неколку наврати кажав дека заврши времето на изобилство и со електрична енергија, меѓутоа и со други ресурси. Европа се наоѓа практично во војна на својот континент. Во Украина се води војна. Гледате дека таму практично дневно се влошуваат состојбите и затоа ќе продолжиме во насока на поддршка на најранливите категории на граѓани, истакна Ковачевски на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје, каде денеска присуствуваше на првиот час во новата академска година.

Тој потенцира дека замрзнувањето на маржите функционира, но дека импутите, енергенсите, суровините, коишто ги добиваат производителите на основни прехранбени производи ги влечат цените нагоре, што е случај практично во сите држави.

– Сите сме свесни за растечките цени на храната, особено на основните прехранбени производи. Владата направи првични мерки за замрзнување на цените, меѓутоа подоцна со оглед на тоа дека ние сме отворена економија, која што разменува со странство, предолго замрзнување на цените не е можно, бидејќи ќе се јават недостатоци, па затоа преминавме како што преминаа и други држави кон замрзнување на маржите, истакна Ковачевски.

Премиерот потсети дека инфлацијата во ЕУ е на историско највисоко ниво од нејзиното формирање, па централните банки веќе интервенираат со зголемување на каматните стапки за нејзино зауздување, пример што во неколку наврати го направи и нашата Народна банка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close