Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Картички за зелена нафта за земјоделците од Кавадарци и Росоман
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кавадарци, денеска започна распределбата на картичките за зелена нафта за земјоделците.
– На подрачјето на општините Кавадарци и Росоман вкупно се опфатени 5452 картички за зелена нафта, со вкупна вредност од 27 033 071 денари. Земјоделците, своите картички за зелена нафта, може да ги користат до 30 април 2023 година, информираа од подрачната единица на Министерството.
Оттаму појаснија дека подигањето на картичките за зелена нафта мора да биде со лично присуство на земјоделецот, кој со себе треба да носи документ за идентификација, валидна лична карта или пасош.