Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
МЗШВ ќе ги стипендира младите од селата ако студираат Земјоделски факултет
Ги мотивираме и поттикнуваме матурантите, особено од руралните средини да се запишат на една од трите струки, со оглед на тоа што за овие студиски програми интересот за студирање е драстично опаднат, вели Николовски.
МЗШВ инвестира во младите и во науката, преку стипендирање на студенти од додипломски студии од прв циклус во прва година од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки запишани на универзитетите во Република Северна Македонија.
-Ги мотивираме и поттикнуваме матурантите, особено од руралните средини да се запишат на една од трите струки, со оглед на тоа што за овие студиски програми интересот за студирање е драстично опаднат.
-На денешната владина седница на иницијатива на МЗШВ овој предлог е разгледан и усвоен, со кој МОН ќе издвојува месечен надоместок на стипендисти за академската 2022/23 година на високообразовни установи во Република Северна Македонија, објави министерот Љупчо Николовски.