fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Овозможуваме слободен и безцарински извоз на нашите земјоделски производи во Украина

Преку потпишувањето на овој Договор се овозможува безцарински извоз меѓу двете земји, особено на свежото овошје и зеленчук.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Украинската амбасада во Прага  во присуство на двајцата премиери на Северна Македонија и Украина, Димитар Ковачевски и Денис Шмихал, заедно со заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка ги потпиша одлуките за ревидирање на протоколите од Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина.

Преку потпишувањето на овој Договор се овозможува безцарински извоз меѓу двете земји, особено на свежото овошје и зеленчук. Македонските земјоделски производи зелка, јаболко, домат, краставица, грозје, како и други земјоделски производи, слободно ќе се извезуваат за Украина. Со потпишувањето на овој Договор се постигнува и многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло на стоката.

Зајакнувањето на соработката помеѓу наште две држави доаѓа во значаен момент за двете држави, а бенефит од овој Договор ќе имаат македонскиот и украинскиот народ. 


Министерот Николовски упати благодарност до премиерот на Украина Денис
 Шмихал и заменикот министерот Тарас Качка, што во вакви сложени услови изнајдоа време и желба за да се потпишеме овој значаен договор.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close