fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски објави-Има субвенции за млекарите за произведено и предадено млеко во преработувачките капацитети во периодот Јуни – Јули 2021 година

Корисници на оваа поддршка се одгледувачи на говеда, овци и кози.

Платежната агенција соопшти дека денеска се исплатени 89.455.245 денари на 5 851 млекопроизводител за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Исплатите се однесуваат на предадено млеко во јуни и јули 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

-Продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за млекопроизводителите. Во месец октомври се исплатени предадените количини за пет месеци, а во следниот период ќе се изврши поддршката за предадените количини за август и септември. Исто така, АФПЗРР се спрема за исплата на финансиската поддршка за предадените градинарски и овошни култури, информира директорот Бачовски.

Агенцијата продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close