fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Антикризни мерки: Ефикасна помош или ефективен популизам?

Поддршката е добредојдена, но се стравува дека секојдневниот раст на цените може брзо да го анулира ефектот на антикризните мерки.

Ефикасна помош или повторување на мерки од периодот на ковид-пандемијата, со задоцнети решенија и промоција на популизам? Ова е прашањето кое се анализира во јавноста по новиот сет на мерки за справување соенергетската и ценовната криза, вреден над 350 милиони евра, што вчера (9.10) го промовираше премиерот Ковачевски.

„Вакви пакети се повторуваат веќе три години со ковид-пандемијата и веќе се научивме на кој начин владата ги изработува и презентира секогаш, ми се чини без потреба, со голема доза на популизам“, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Според него, расфрлањето со големи износи од 350 милиони евра е нешто што тешко може да се провери дали е точно. Особено што Владата со ребалансот на буџетот вети дека ќе се кратат непродуктивните трошоци, и со заштеда на 200 милиони евра ќе се менаџираат со последиците од економска и енергетска криза, но нема отчет дали и колку е заштедено.

Поддршка за најранливите категории

Од Владата уверуваат дека никој нема да биде оставен сам да се справува со последиците од економско-енергетската криза.

„Верувам дека сите заедно ќе ја пребродиме зимата и оваа најтешка, најголема криза досега. Да ја пребродиме затоа што знам дека напролет ќе биде подобро од она што нѐ очекува во наредните неколку месеци од зимата. Ние се наоѓаме во тежок период во кој што нема простор за изобилие, туку има простор за солидарност и поддршка на оние кои што се најранливи категории во општеството“, рече премиерот.https://www.dw.com/mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close