fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Шапуриќ: ЛДП предлaга да се воведе „викенд без данок“

Веќе четири години ЛДП доследно се залага за воведување на викенд без данок, и за време на овој викенд државата би се откажала од данокот, изјави потпретседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ.

„Во повеќе држави на САД ваквата пракса егзистира повеќе од петнаесет години. Поради големиот интерес кај американските граѓани, во некои држави викендот без данок е продолжен и се трансформира во недела без данок. Викендот без данок е воведен со цел да се поттикне потрошувачката и да се овозможи населението да се снабди по пониски цени со одредени производи, а особено за потребите на децата пред отпочнување на школската година, опремување со училишен прибор, компјутери, обувки, облека и слично. Ако се има предвид дека продавачите во овој викенд ги намалуваат дополнително своите своите маржи, јасно е дека се работи за потрошувачки бум, кој ја зголемува потрошувачката во овој период и придонесува за пораст на економијата, со што продажбата на овој начин нуди поволности и за потрошувачите и за трговците. Првите добиваат можност да ги намалат трошците за купување во период кога семејните буџети се преоптеретени, додека вторите добиваат можност да го зголемат прометот“, рече Шапуриќ.

Според него, иницијативата за воведување на викенд без данок, наишла на многу  поволен прием како кај граѓаните, така и кај трговците.

„За жал, власта воопшто не покажа слух за оваа иницијатива на ЛДП“, вели тој.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close