fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Владата планира администрацијата да работи од дома

Заради заштеда ќе се суспендираат и колективни договори?

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, во емисијата „Топ тема“ на Телма откри дел од мерките и препораките на Владата за намалување на расходите на буџетските корисници, од кои повеќето досега не беа обелоденети во јавноста. Освен мерката за намалување за 10 отсто на платата, која единствено беше соопштена јавно, документот содржи уште неколку точки, меѓу кои и намалување на прекувремената работа за преку 20 отсто во МВР, во Агенцијата за национална безбедност, во Агенцијата за разузнување, откри Деаноски.

Според него, Владата планира и државната администрација да работи од дома, со ротации. За синдикалците, најспорен е предлогот и, според нив, намерите на Владата да бидат суспендирани или укинати колективните договори со кои се регулираат правата на работниците во одредени сектори.

Синдикалците и од јавниот и од приватниот сектор предупредија дека сите заеднички ќе се спротивстават на каков било обид од страна на Владата да ги укине или суспендира колективните договори.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close