Која е државната фирма што дели просечна плата од 1.000 евра?!
Компанијата вработува вкупно 58 лица од кои петмина се членови на Одборот на директори
ГА-МА добро ги плаќа своите вработени. Лани за нив се исплатени вкупни бруто трошоци од 1,1 милиони евра односно бруто со вклучени придонеси на месечно ниво просечно вработен ја чинел ГА-МА 1.500 евра. Просечната нето плата по одбивањето на придонесите е нешто повеќе од 1.000 евра. Ваква плата и приличи за вработени во претпријатие кое управува со главната гасоводна цевка во Македонија
ГА-МА има подобра просечна плата од ЕСМ и од МЕПСО, и со тоа го понесе епитетот за државна енергетска фирма која најдобро ги плаќа своите вработени.
ГА-МА од втората половина на минатата година е целосно државна компанија откако Владата и „Макпетрол“ постигнаа договор и приватната компанија ги отстапи своите акции за соодветен паричен надоместок.
ГА-МА вработува вкупно 58 лица од кои петмина се членови на Одборот на директори.
Компанијата управува со главниот гасоводен систем и за својата работа наплаќа регулирана тарифа која е утврдена од РКЕ. Има една подружница и тоа е подстаницата за гас кај Крива Паланка каде всушност нашиот национален систем за пренос на гас е врзан за бугарскиот магистрален гасовод со кој управува руската компанија „Гаспром“.https://faktor.mk/