fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Државата дава субвенции, ама доцнат, се жалат земјоделките од Пелагонија

Македонија е земјоделска земја и државата треба да работи многу попосветено на оваа значајна гранка

Македонија е земјоделска земја и државата треба да работи многу попосветено и постратешки ако сакаме да не се соочуваме со недостиг од храна, а и да ги зачуваме здрави руралните средини. Руралната жена треба да биде столбот во овие процеси, а не како што е сега, таа да биде оставена на општествените маргини, велат пелагониските рурални жени кои денеска, со свои домашни производи учествуваа на Саемот на земјоделски производи во Прилеп.

Руралната жена во денешни услови се соочува со многу предизвици. Не се вреднува трудот онака како што се вреднува во другите сектори во земјоделството. Државата треба да има предвид дека со одредена насочена, специфична поддршка кон жените од руралните средини може да го извлече тој потенцијал од тие домаќинства каде жената има улога, било да прави занаетчиски работи или пак да прави некои одредени традиционални рецепти“, вели Гордана Цветаноска – „Бавчика“.

Од државата имаме помош – субвенции, само што доцнат субвенициите. Треба да бидат навреме дадени субвенциите“ – посочува Бети Кузманоска, производителка на млечни производи.

Постоиме седум години, опстојуваме малку потешко. Производите не се продаваат, но сепак ние се трудиме да произведеме еден бренд, природно произведен, од самата природа да го собереме и да го пласираме до потрошувачите“, рече Елизабета Божиноска од Здружението „Крушевска жена“ од Крушево.

Државата треба да обезбеди максимална поддршка на руралните жени и соодветно да го вреднува нивниот труд, вели Марина Тошеска од ЛАГ „Агро лидер“.

„Чест ми е што денеска се пријавија толку жени да ги промовираат своите производи и да докажат дека тие се чувари на традицијата“, истакна Марина Тошеска, ЛАГ „Агро Лидер“, организатор на Саемот.https://alfa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close