Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Пријавете се за обука на вршење на процена на тутун
Најнова вест од Сојузот на земјоделски здруженија
Врз основа на пројавениот интерес од страна на повеќе тутунски компании како и физички лица, Научниот институт за тутун – Прилеп планира организирање на Обука за кандидатите со стекната лиценца, со цел издавање на Потврда за завршена обука за процена на тутун.
Обуката ќе се изведе доколку се пријават најмалку 15 кандидати.
Кандидатите имаат обврска да достават Пријава за Обука до НИТП (дадена во прилог). Пријавата може да се поднесе електронски, по пошта или да се достави до архивата при НИТП, најдоцна до 20.10.2022 год.
Висината на трошоците за спроведување на обуката за вршење на процена на тутун изнесува 2.000,00 денари + 18% ДДВ. (Вкупно за уплата 2.360,00 ден)
За времето на одржување и уплатата за обуката, кандидатите ќе бидат дополнително известени.