fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Нема веќе бифтеци, јунешкиот се качи над 1.200, а свинскиот над 600 денари за кило

Од месната индустрија велат дека цената на свинското месо последниве две недели е покачена за 10 отсто, а јунешкото е на историски максимум. И покрај тоа што цените на суровината и на енергенсите отидоа до плафон, сè уште нема помош за оваа индустрија од Владата. Освен тоа, месната индустрија сè уште чека продолжување на мерката за бесцарински увоз, која престана да важи пред три месеци.

Нема веќе бифтеци. Јунешкиот се качи над 1.200, а свинскиот над 600 денари за килограм. Од месната индустрија велат дека цената на свинското месо последниве две недели е покачена за 10 отсто, а јунешкото е на историски максимум. И покрај тоа што цените на суровината и на енергенсите отидоа до плафон, сè уште нема помош за оваа индустрија од Владата. Освен тоа, месната индустрија сè уште чека продолжување на мерката за бесцарински увоз, која престана да важи пред три месеци. Велат дека конкуренцијата ги јаде домашните производи. Поради поскапата струја, суровината и увозните давачки, домашните сувомесни производи се далеку понеконкурентни од српските.

И од оваа индустрија бараат субвенции од државата и поевтини енергенси за да ја надминат кризната состојба, во спротивно, велат, ќе бидат принудени од Нова година да го намалуваат бројот на вработените и да ставаат клуч. Компаниите од оваа индустрија велат дека „Отворен Балкан“ предизвика дополнителни проблеми, на пазарот доминираат производи од соседна Србија…

– Работиме со загуби поради зголемените цени на струјата и на суровината. Не можеме да влијаеме на цената на суровината бидејќи е увозен артикал. За струјата, бараме помош од државата бидејќи сме оставени на слободниот пазар. Цената на суровината -замрзнато свинско месо за преработка секој месец се зголемува од 5 до 10 отсто. Освен на замрзнатото, последниве две недели има значителен пораст и кај цената на свежото свинско месо, кое, исто така, е поскапено за околу 10 отсто – вели за ВЕЧЕР Гоце Трајчев, претседател на Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора.

Според Трајчев, излез може да се најде само со субвенции и со поевтини енергенси, во спротивно, како што вели, ќе почнат намалувањето на бројот на вработените и затворање на фирмите. Тој укажа и на проблемот со зголемената конкуренција од земјите од регионот, чии производи се поевтини од домашните поради поевтината струја и пониската царина што ја плаќаат на суровината.

– Ние бараме намалување на царината за замрзнатото месо за преработки за да можеме да им конкурираме на производите од регионот, особено на српските. Веќе три месеци функционираме беа мерката  бесцарински увоз на замрзнато свинско месо. И производителите од Македонија и производителите од Србија ја купуваат суровината од Германија, но тие плаќаат царина од 6 до 9 отсто, а ние од 19 до 25 отсто. Додека Црна Гора и Босна и Херцеговина воопшто не плаќаат царина на суровината. Што се однесува до струјата, Србија плаќа 80 евра за мегават- час, а ние 500 евра за мегават-час. Поради сето ова, во земјава доминираат српски сувомесни производи. Само влезете во супермаркет, видете ги производите и сè ќе ви стане јасно – појаснува Трајчев.

Од месарниците велат дека ситуацијата е неиздржлива бидејќи цените на свежото месо растат на неделно, а не на месечно ниво, а и другите трошоци им се многу зголемени.https://www.vecer.press/

Слични написи

Back to top button
Close