fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски вели-Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар

Премиерот им се заблагодари на пазарџиите и македонските земјоделци кои, како што рече, секојдневно работат неуморно за граѓаните да имаат свежи и убаво домашно овошје и зеленчук.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски,  во рамките на средбите со граѓани, на пазарот во Ѓорче Петров, директно им се заблагодари на пазарџиите и македонските земјоделци кои, како што рече, секојдневно работат неуморно за граѓаните да имаат свежи и убаво домашно овошје и зеленчук.

– Годинава голем фокус ставаме на зголемувањето на домашното производство на храна. Нашите јаболки се највкусни, од нашите пиперки се прави најубавиот ајвар, убавата и вкусна македонска храна е наше богатство. Нашата татковина има сонце, вода, плодна почва, ги има сите потребни ресурси, а ние, даваме целосна поддршка на земјоделците за најпрво да им помогнеме работата да им се развива по нагорна линија, но и за да обезбедиме доволно храна за целата држава во оваа голема криза во која живееме – рече Ковачевски.

Тој на пазарџиите им објаснуваше дека Владата веќе вовела нов модел за финансиска поддршка на земјоделството со кој ги мотивираат да произведуваат повеќе храна. Според него, владата којашто ја предводи навреме презела соодветни мерки за обезбедување храна, струја и енергенси и за заштита на стандардот на граѓаните, на ранливите и на компаниите.

-Го максимализиравме производството на струја од домашните капацитети, постојано го зголемуваме домашното производство и вклучуваме нови капацитети. Реализираме два пакети антикризни мерки од 700 милиони евра. Струјата за граѓаните ја субвенционира, ја плаќа државата, во висина од 80%, како и за 72.000 компании. Подготвени сме за соочување со сите предизвици никој нема да биде оставен сам, заедно ќе успееме, рече Ковачевски.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close