Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Николовски и Бачовски на средба со земјоделците
Денеска со кавадарчани разговаравме за поддршката која е насочена кон вистинските земјоделци, оние чија основна дејност е земјоделството.
Ги продолжуваме средбите со земјоделците, каде отчетно и транспарентно им го презентираме новиот модел за субвенционирање. Денеска со кавадарчани разговаравме за поддршката која е насочена кон вистинските земјоделци, оние чија основна дејност е земјоделството.
Со новиот модел на субвенционирање нема да кратиме ништо, напротив ја зголемуваме и реорганизираме поддршката во повеќе програми кои ќе дадат поголема ефикасност.
Во интерес на лозарите и винариите веќе е готово ново законско решение во кое за прв пат ја дефинираме производната цена, за 25% повисока од реалната производна сцена.
Покрај основната, даваме и дополнителна субвенција кај лозарството за винско и трпезно грозје.
Со новиот модел, земјоделците од мал обем нема да треба да докажат дека го предале производството, но сепак ќе добијат финансиска поддршка.
Дополнителни субвенции ќе добијат лозарите кои ќе остварат принос, и ќе го предадат во регистрирани капацитети, но и оние кои ќе го задржат производството за свој финален производ.
Во случај на штета или мрзнење, се добиваат субвенции со предавање изјава за настанатата штета и записник од општината.
Заедно со вас земјоделците, храбро и одлучно креираме успешни мерки и политики кои се во интерес на подобрување на положбата на македонскиот земјоделец и зголемување на домашното производство.