fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Сојуз на земјоделски здруженија: Постигнат договор со четири компании за повисоки цени на тутунот

Постигнат е договорот со четири откупни компании за повисоки цени по класи. Сега првата класа е 300 денари (од 280), втората од 200 се зголеми на 240, третата од 150 на 180 денари, а четвртата класа од 80 сега е 100 денари за килограм. Многу ни е важно зголемувањето на втората и третата класа за 20 насто зашто најмногу од родот е во тие класи. Очекувам другите компании да го следат примерот на овие четири, а може и да изненадат и со повисоки цени. Тоа ќе ги ублажи трошоците во производството. Ние не застануваме тука, туку ќе ги следиме промените на цените на другите производи со инфлацијата и економската криза за да дејствуваме, изјави Стомнароски

Во просек за 20-тина отсто се зголемуваат откупните цени на тутунот во пресрет на откупната кампања на годинашнава реколта. Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија постигнат е договор со четири откупни компании, а другите, уверени се од Сојузот, ќе го следат примерот.

Менде Стомнароски, претседател на Сојузот вели дека тоа и квалитетниот род ќе ги ублажат трошоците во производството.

-Постигнат е договорот со четири откупни компании за повисоки цени по класи. Сега првата класа е 300 денари (од 280), втората од 200 се зголеми на 240, третата од 150 на 180 денари, а четвртата класа од 80 сега е 100 денари за килограм. Многу ни е важно зголемувањето на втората и третата класа за 20 насто зашто најмногу од родот е во тие класи. Очекувам другите компании да го следат примерот на овие четири, а може и да изненадат и со повисоки цени. Тоа ќе ги ублажи трошоците во производството. Ние не застануваме тука, туку ќе ги следиме промените на цените на другите производи со инфлацијата и економската криза за да дејствуваме, изјави Стомнароски.

Годинашниов род е договорен на 26 000 тони, но очекувањата се дека ќе биде околу 19 000 тони.

– Родот е одличен, квалитетен, што е добро за постигнување пореални цени при откупот, смета Стомнароски.

Горан Бозароски, тутунопроизводител од Прилепско има два тона тутун и очекува добро да помине при претстојниот откуп. Признава дека недостига работна рака, а единствено ќе помогне поддршката од државата за земјоделецот.

– Најтешко е при бербата, младите не се мотивирани да работат напорно, зашто тутунопроизводството е долготраен и тежок процес. Но тутунот е стратешка култура и очекувам да ја има поддршката. Ги поддржувам земјоделците, а политичарите треба да знаат дека државата може да се развива само со унапредено земјоделство и земјоделци на кои им се исплаќа вложениот труд, вели Бозароски.

Откупната кампања може да почне од 15 ноември, но крајниот законски рок за откупувачите да ги отворат пунктовите е 15 декември. Со тутунопроизводство во земјава, велат од Сојузот, се занимаваат околу 20 000 семејства. Најавени се 10 откупни компании да го преземаат годинашниов род на тутунот

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close