Викендов дожд и пад на температурите
Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, над 35 литри на метар квадратен, особено сабота во ноќните часови и во недела претпладне.
За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, најавуваат од УХМР.
Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, над 35 литри на метар квадратен, особено сабота во ноќните часови и во недела претпладне. Сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, над 65 километри на час од југоисточен правец.
В недела ќе има значително намалување на дневните температури. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: За време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни (над 35 л/м2), особено утре во ноќните часови и во недела претпладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 км/час) од југоисточен правец. Дневната температура во недела значително ќе опадне. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.