fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ако не ги намалат цените на храната, трговците ќе плаќаат казни и до 10 илјади евра

Новиот Закон за потрошувачи, кој беше донесен во петокот и се чека да стапи на сила по негово објавување во „Службен весник“, предвидува високи казни за вештачко зголемување на цените од страна на трговците кои се движат и до 10 илјади евра за големите трговци.

Високи парични казни и затворање на дуќани доколку трговците не ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на цените и на маржите на производите. Во новиот закон за потрошувачи, кој е во подготовка, се најавуваат парични казни од 500 до 1.000 евра и затворање на дуќани доколку трговците не ги почитуваат правилата и мерките кои ги носат надлежните. Од Организацијата на потрошувачите велат дека во моментов цените на храната трговците слободно ги определуваат, освен на дел од основните прехранбени производи за кои има ограничени маржи.

-Ако трговците не ги почитуваат одлуките на Владата за ограничување на цените и на маржите на производите, ќе следуваат високи санкции. Нечесна трговска практика има кога трговците со манипулација на цени се трудат да заработат повеќе и тоа е еден вид на измама на потрошувачите која е казниво дело. Дел од трговците самото поскапување на суровините и струјата ги искористија како изговор за енормно да ги зголемат цените иако немаа толку високи трошоци, изјави за ВЕЧЕР, Мартина Грнчаревска, од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Според неа, ако се прекршува она што ќе се донесе како мерка од страна на Владата, во тој случај ќе има и изрекување на поголеми казни за оние кои ги прекршуваат мерките. Ова се предвидува и во новиот закон за потрошувачи кои според надлежните ќе се стави крај на нечесните трговски практики, а просторот за манипулации со цените на храната ќе биде сведен на минимум.

-Со оглед на тоа дека казните се високи, а се предвидуваат и привремени забрани за вршење на дејност се надеваме дека трговците ќе ги почитуваат законите и прописите и нема да има вештачко зголемување на цените. Државниот пазарен инспекторат ќе врши поголеми контроли и ќе изрекува санкции, вели Грнчаревска.

Сепак, мерките за замрзнати цени и маржи на основните прехранбени  производите кој беа на сила изминатава година некои од трговците не ги почитуваа и слободно ги формираа цените. Поради тоа, потрошувачите постојано реагираа на речиси секојдневното зголемување на цените на храната и покрај мерките за нивно стабилизирање.

Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, трговците ќе бидат казнети ако нудат лажни информации, го доведат во заблуда потрошувач, или агресивно го убедат граѓанинот нешто да купи.

– Одредена трговска практика е нечесна ако го доведува во заблуда потрошувачот, особено ако не се наведуваат јасно условите. Трговска практика се смета за нечесна ако го доведува во заблуда потрошувачот, па дури и ако информациите се точни, но го доведуваат во заблуда потрошувачот да донесе одлука која не би ја донел во вообичаени услови. Нечесно е и ако со принуда или примена на сила го доведе во заблуда потрошувачот или го наведе на пазарна одлука која не би ја донел во други услови, појасни Бектеши.

Тој рече дека завршени се сите обуки на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат и очекува дека од наредната недела да почнат да постапуваат во согласност со ова законско решение.

Новиот Закон за потрошувачи кој беше донесен во петокот и се чека да стапи на сила по негово објавување во Службен весник предвидува глоба за од 500 до 1000 евра за микро фирмите и 150 евра за одговорното лице. Двојно поголеми се паричните казни за мал трговец, во случај регистрираниот среден трговец ги прекрши правилата може да заработи казна од две до пет илјади евра и 350 евра за шефот на фирмата. Највисока е казната за големите трговци кои се движат од пет до десет илјади евра и 500 евра за одговорното лице.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close