fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаРурален туризамРурална ЖенаТоп вести

Даниела Крстевска изработува природен сапун со билки од недопрените предели кај Пехчево

Секој продукт на „Мојот сапун“ е направен од природни состојки, а најголемиот дел од растенијата се набрани во чистите предели на Малешевијата.

Даниела Крстевска е трета генерација во семејството која се занимава со домашно производство на сапун, кој сега се продава под брендот „Мојот сапун“. Во нејзината работилница во Пехчево има калапи сапун стари и по две децении кои сведочат за долгата семејна традиција. Таму, покрај старите дрвени предмети што некогаш ги користеле, сега стојат и модерни алатки со кои се обработуваат и сечат сапуните. Секој продукт на „Мојот сапун“ е направен од природни состојки, а најголемиот дел од растенијата се набрани во чистите предели на Малешевијата.

Иновативност имаше можност да ја посети Даниела во нејзината работилница во Пехчево. Нејзина и желба на нејзиното семејство е „Мојот сапун“ да биде достапен за секого, а луѓето да можат во секое време да си дозволат и да си набават природни продукти, бидејќи тие се добри и за нивното здравје и за нашата околина.

Какви материјали користите за изработка на сапуните?

Во сапуните ставаме коприва, невен, кантарион, бела рада и други билки кои ги береме сами во чистите предели околу Пехчево. Во сапуните се користат и масла од кантарион и бела рада, во кои претходно се екстрахираат билките, кои исто така самите ги изработуваме. Во некои од сапуните комбинираме и кафе, мед, козјо млеко, зеолит…

Во асортиманот има и сапуни кои се изработуваат и со многу други состојки како што се какао, лаванда, кокос, црвен пипер, разни масла и путери кои се набавуваат од увоз, како маслиново, палмино масло од чајно дрво, лимонска трева, пачули и гераниум…

Секако, ја одржуваме и традицијата на изработка на сапуни со свинска маст, кои традиционално се користеле во македонските домаќинства со векови наназад, за лична хигиена, но и за перење на облеката. Во нашата работилница имаме сапуни со свинска маст кои се стари и над две децении, кои се сведоци за нашата традиција.

Повеќе на оваа тема на следниот линк https://inovativnost.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close