fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

„Би-би-си“ направи репортажа за Вевчани: Фасцинатното село кое сакаше да стане република

„Фасцинантно село со своја помалку позната историја на самопрогласување независност“.

„Фасцинантно село со своја помалку позната историја на самопрогласување независност“, вака британскиот патеписец Ричард Колет го опишува македонското село Вевчани.

Познатиот британски патеписец и фотограф Ричард Колет направи забавна репортажа за селото Вевчани, нарекувајќи го „македонска необична микронација“.

Имено, Колет го посетил Охридскиот регион во септември годинава, кога ние го славиме Денот на независноста. Сосема случајно, нашиот државен празник се совпаднал со неговата приказна за Вевчани, за кое вели дека е „фасцинантно село со своја помалку позната историја на самопрогласување независност“.

Кога пристигнал во селото, патеписецот бил изненаден од тоа што пред општинската зграда имало две знамиња – македонското, но и знамето на Република Вевчани.

„Тоа е знамето на Република Вевчани. Ние денеска не ја славиме независноста (на Македонија), Вевчани има своја независност која си ја слави“, му објаснила Александра Велкоска, поранешен туристички водич, а сега вработена во општина Вевчани.

Колет раскажува дека „и покрај тоа што има само 2400 жители, Вевчани трипати се обиде да прогласи независност од две различни земји во последните пет децении“.

„Вевчани првпат се закани со одделување од Југославија во 1987 година. Потоа, во 1991 година, селото се прогласи за независна република само 11 дена откако Македонија прогласи независност за време на распадот на Југославија. Во 2002 година, слободарскиот дух на Република Вевчани беше живеан од страна на локалното население, со необичен обид да привлече туристи и да се потсмева на политиката на земјата, со веење национално знаме, издавање пасоши и печатење валута“, пишува тој.

Во репортажата се вели дека и покрај тоа што Вевчани „било дел од Македонската, Римската, Византиската и Отоманската империја, Кралството Србија, Југославија и денешна Македонија“, селото никогаш не било вистински освоено.https://www.slobodenpecat.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close