Земјоделците наоѓаат нови начини за комуникација со потрошувачите, меѓу нив и социјалните мрежи
И земјоделците бараат начини како полесно да ги продадат нивните производи.. Еден од нив се и социјалните мрежи.
Наместо да ги продава јаболката по ниски цени овоштарите почнаа да прават природен сок, грозјето за кое се уценети да го даваат по ниска цена го преработуваат по традицинални рецепти во здрав маџун. Новите времиња за земјоделците донесоа многу предизвици кон кои мора де се адаптираат а тоа е како ова нивно производство да се продаде и како да дојдат до потрошувачите. Денешната манифестација вкусот на традицијата е само еден од начините за комуикација со потрочувачите а се повеќе земјоделците почнуваат да ги користат и соврмените начини за контакт со потрошувачите преку социјалните мрежи.
Здруженијата сметаат дека со носењето на законите за слободна продажба од куќен праг секој кој ќе ги исполни минималните хигиено технички услови многу лесно има свој готов производ со додадена вредност за кој му претстои најтешкиот пат а тоа како да стаса до потрошувачот.
Традиционалните рецепти на здрава храна и производи од руралните средини секој дневно почнуваат да се нудат преку социјалните мрежи до крајните купувачи а ваквите промоциите се одлична можност да се запознаат лично и производителите.https://kanal5.com.mk/