fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Почнува откупот на тутунот-Стојкоски има две забелешки и барања во интерес на тутунарите

За допунската четврта класа мора да има премија!!!

Денеска почнува откупот на тутунот, а претседателот на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија Петре Стојкоски има две забелешки.

-Откупот почнува денес, на целата територија на државата. Прва класа ќе се плаќа 300 денари за килограм, втора 240, а трета 180 денари.

Но ние имаме две забелешки

1-правата е во тоа што четврта класа тутунот, поголемиот лист, е ставена допунска, но оваа категорија нема премија и тоа значи дека тутунарите ќе бидат оштетни. Бараме по итно да се укине ваквиот начин на плаќање зошто во спротивно тутунарите ќе одговорат на оваа неправда. Ќе застанат со предавање на тутунот.

2-второ, ако велиме дека е криза, тогаш бараме, тутунрските здуженија да не земаат 0,35 посто од вкупниот откуп на тутунот, туку 0,20 посто. Значи кај нив да не одат 350 илјади евра, туку само 200 илјади евра, другото да си оди кај тутунарите, вели Стојкоски.

А. Блажевска

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close