fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците од струмичко негираат нивите што не ги работат да ги даваат под закуп на државата

Никој нема да се откаже од приватната сопственост тврди земјоделецот Џоко Василев

Нереална и неостварлива е идејата на државата необработеното приватно замјиште да го издава под закуп. Премногу дилеми и нејаснотии предизвика најавата дека државата планира необработеното земјиште да го дава на заинтересирани.

Никој нема да се откаже од приватната сопственост тврди земјоделецот Џоко Василев кој вели дека државата треба да ги потикне земјоделците да инвестираат и да го обработуваат а не да се издава на трети лица.

Со планот на државата не се согласува ниту Драги Памуков. Според него државата сеуште во целост го нема издадено државното земјоделско земјиште ниту пак има направено ревизија дали тоа се обработува па да посегне по приватните парцели. Прво нека утврди колку државно земјиште не се обработува.

Државата подготвува измени во законот за користење на земјоделското земјиште при што нивите кои не се посеани подолго време државата планира да ги дава под закуп од кој 80 проценти ке одат кај сопствениците а 20 проценти за државата.https://24.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close