Градинарите бараат задолжително земјоделско осигурување и за посевите под пластеници
Драги Памуков од здружението Веге фреш од Куклиш смета осигурувањето е добра мерка но ќе мора да се бара модел каде што компаниите ќе осигуруваат посеви заедно со пластеници и железни конструкции.
Градинарите од струмичко со забелешки на најавената мерка за задолжително земјоделско осигурување, оти според нив речиси никоја осигурителна компанија досега не сака да осигурува градинарско производство под пластеници.
Драги Памуков од здружението Веге фреш од Куклиш смета осигурувањето е добра мерка но ќе мора да се бара модел каде што компаниите ќе осигуруваат посеви заедно со пластеници и железни конструкции.
Владата најави дека во тек е изработка на Законот за задолжително земјоделско осигурување на земјоделските посеви, добитокот и пчелните семејства како услов фармерите да земат субвенции при што држвата во првите три години ќе ги покрива премиите.
– Предложениот систем има за цел да ги замени постоечките ад-хок шеми за помош по катастрофи со решенија за осигурување на посевите и добитокот на државно ниво. Предлозите за системско решение со воспоствување на Фондот за земјоделско осигурување се во насока на унифицирање на надлежностите и постапките при настанувањето на штетите во земјоделството од неповолни климатски настани по еден законски основ. Ќе се воспостави систем што ќе биде ефикасен и ќе биде под капа на државата преку истиот ќе се дефинираат од тарифите за полисите, до проценка и исплата на самите штети. – велат од министерството за земјоделстовО.
Околу 3.000 земјоделци во државата годишно го осигуруваат родот поради што досегашниот модел на осигурување е неодржлив. Законот треба да го помине и собранискиот филтер.https://24.mk/