fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Традиционалните земјоделски култури ги снемува од македонските ниви

Еклатантен пример е шеќерната репка, која повеќе од 15 години не се сади.

Традиционалните култури,  кои во минатото беа доминантни на македонските полиња, полека исчезнуваат, а Македонија од извозно ориентирана за земјоделски производи се претвора во земја увозник на прехрамбени продукти. Еклатантен пример е шеќерната репка, која повеќе од 15 години не се сади.

  • Имавме во минатото една фабрика со голем капацитет за преработка на шеќерна репа во Битола. Таа се приватизира, се трансформира, се продаде на странски купувач, кој што немаше намера да ја откупи, за да ги натера земјоделците да произведуваат и да ја носат таму за да ја преработува, туку само да остварува профит и да увезува суровини од други култури за да произведува шеќер, како што е шеќерната трска- изјави проф. Љупчо Михаилов, Земјоделски факултет-УГД.

Од друга страна, афионот има добра перспектива, зашто имаме фамацевтски капацитет кој може да врши откуп, но постојат законски бариери.

  • Потребни се посебни дозволи за да се отпочне со производство на афион, бидејќи имало примери во минатото да се злоупотребува, се реже нелегално, а неговите производи се користат за друга намена, а не за преработка во фармацевтската индустрија- додаде Михаилов

Слична е состојбата со памукот, кој е идеален за производство на еколошки материјали, меѓутоа немаме соодветна земјоделска механизација за берба.  Во Грција на пример, додава Михаилов, последните години масовно се сади памук.

  • Генерално може и за памукот и за афионот да се создадат услови да се произвдува, но со една добра организација, преку ИПАРД фондовите набавување на механизација, организирано производство, запознат откупувач со однапред договорени цени, со однапред склучени договори, за да не биде, она што е најчест случај, производителот да биде најоштетен- изјави Михаилов

Стратегија за развој на земјоделското производство постои, но не се спроведува во пракса.https://sitel.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close