fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Пиперевската казаница остана единствената за печење ракија во Штип

Од 138 казаници во Штип од кои 18 биле во штипско Ново Село, денес во функција е само Пиперевската казаница која се наоѓа во таканареченото Ридарско Маало

Пиперевската статична казаница остана единствената за печење ракија во Штип. Од 138 казаници во Штип од кои 18 биле во штипско Ново Село, денес во функција е само Пиперевската казаница која се наоѓа во таканареченото Ридарско Маало во оваа стара штипска населба. Казаницата е на три метри до природната чешма меѓу народот позната како Ридарска или Пиперевска чешма која досега и во најсушните времиња не секнала и од оваа чешма се црпи вода за разладување на казаницата, објави СДК.мк.

„Казаницата е стара 180 години. Ја изградил мојот прадедо Петре, традицијата ја продолжил дедо ми Ладе, па татко ми Лазо, па еве сега и јас. Уште кога имав десет години им помагав на дедо ми и татко ми. Цела зима, па и во другите годишни времиња се печеше ракија, денес многу помалку, но сепак има над педесетина мои роднини и пријатели кои сакаат, не да варат како што е тоа случај со новите подвижни казани, туку да печат ракија на старински начин во една ваква стара статична казаница“, вели сопственикот Владо Пиперевски.

Како што објаснува 72-годишниот штипјанец, казаницата се состои од клесан камен, потоа со бакарен казан со капак направен речиси пред два века во Злетово, а е обложен со шамотни цигли и располага со два чепура низ кои тече завршниот производ – ракијата, што е различно од денешните подвижни казани кои имаат еден чепур.

„Казанот е со капацитет од 120 литри и да се испече еден казан потребни се 6-8 часа, што значи за да се добие квалитетна ракија треба да се има трпение. Ако грозјето е квалитетно и ако мајсторот знае да располага со казанот во просек се добиваат над 25 литри ракија од еден казан, ако од комињето се вадело вино тогаш се добива помалку литри“,  вели Пиперевски.https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close