fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ВАЖНО! Бачовски објави-Аплицирајте за дополнителни субвенции

Предадени градинарски и овошни култури, произведено и предадено грозје во регистрирани преработувачки капацитети

Директорот на Платежната агнеција Никица Бачовски објави
Во тек е аплицирањето за дополнителни директни плаќања за:
Предадени градинарски и овошни култури во регистрирани преработувачки капацитети
– Поддршката е за сите градинарски култури и за овошните видови: вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка
– Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм 🍒🍓🌶🍅🥬
Произведено и предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија.
– Висината на дополнителната финансиска поддршка е 2 денари по килограм. 🍇
Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на поддршка ќе може да аплицираат електронски.
Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ.
⏳ Крајниот рок за поднесување на барање за горенаведените подмерки е до 25 декември 2022 година.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close