fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Инспекторатот со казни за складиштата за огревно дрво, по замрзнувањето на цените

Се вршат постојани контроли, извршени се над 80 надзори и за оние кои не ги почитувале одлуките на Владата се издадени 12 прекршочни налози. Висината на казните се движат од 400 до 2.000 евра за правното лице и од 30 до 100 евра за одговорното лице.

Државниот пазарен инцидент направил над 80 контроли на складиштата за огревно дрво и пелети и изрекол 12 казни откако Владата во кризна состојба одлучи да ги замрзне цените по постоечка одлука од 4 ноември.

– Се вршат постојани контроли, извршени се над 80 надзори и за оние кои не ги почитувале одлуките на Владата се издадени 12 прекршочни налози. Висината на казните се движат од 400 до 2.000 евра за правното лице и од 30 до 100 евра за одговорното лице. Но, казните може да не бидат само за тоа. Може да биде и за непоседување евиденција во трговија, изјави Александра Котели од ДПИ во синоќешната емисија „Економски Магазин“ на ТВ Алсат.

 

Владата на претходна седница донесе одлука за определување највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Највисоката цена на огревното дрво се утврдува во висина до 4.500 денари за просторен метар (МПР), односно до 6.429 денари за кубен метар (м3). Највисоката цена на пелетите за огрев се утврдува во висина до 27 денари за еден килограм. Во цената на стоките се вклучени и ДДВ и транспорт.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close