fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Рибар успеал да улови златна риба тешка 30 килограми

Енди Хекет успеал да улови златна риба тешка, верувале или не, 30 килограми.

Старата бајка „Сказна за рибарот и рипката“ на рускиот писател Александар Пушкин раскажува за рибарот кој фатил златна риба и која му ветила дека ќе му исполни каква било желба ако ја ослободи. Оттука потекнува фразата за златната риба и нејзината моќ да исполни три желби.

Во реалноста, златните риби не исполнуваат желби, но можат да бидат убави домашни миленици. Нивните аквариуми не зафаќаат голем простор во домот бидејќи, вообичаено, овие риби се малечки.

Сепак, рибарот Енди Хекет успеал да улови златна риба тешка, верувале или не, 30 килограми. Оваа златна риба, која го добила името Морков поради нејзината портокалова боја, е една од најголемите во светот, пишува „Њујорк пост“.

Хекет ја уловил рибата во езерата Блувотер во францускиот регион Шампања. Рибата живеела во езерото речиси 20 години и оттогаш се покажала како многу тешка за ловење. Тој поминал 25 минути влечејќи ја.

Златните риби му припаѓаат на семејството крапови, но тие не достигнуваат толку голема големина. Рибата Морков е хибриден вид вкрстен со јапонскиот кој крап и се верува дека е втора најголема златна риба уловена некогаш.

„Отсекогаш знаев дека Морков е наоколу, но никогаш не мислев дека ќе ја фатам. Почувствував дека нешто големо ја фати мамката. Кога се појави на површината, видов портокалова боја. Супер е што ја фатив, но тоа беше чиста среќа“, вели четириесет и двегодишниот Англичанец.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close