fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

И американските земјоделци имаат проблеми, не само нашите

Повеќето американски земјоделци земаат краткорочни заеми со променливи каматни стапки за покривање низа трошоци, од купување семиња и ѓубрива до купување добиток и машини.

Американските земјоделци се обидуваат да најдат решение за поскапи заеми во пресрет на садењето во новата сезона, бидејќи ФЕД ги зголеми каматните стапки.

По есенската жетва и пред пролетното садење, повеќето американски земјоделци земаат краткорочни заеми со променливи каматни стапки за покривање низа трошоци, од купување семиња и ѓубрива до купување добиток и машини.

Кредитите ги враќаат по жетвата, со пари од продадените култури, а потоа циклусот повторно почнува. Тие се задолжуваат најмногу до крајот на декември или средината на јануари со цел да ги искористат попустите на добавувачите и да обезбедат сѐ што им е потребно, со оглед на тесната глобална понуда на ѓубрива и хемикалии, пишува Индекс.

Можно намалување на потрошувачката на ѓубрива и хемикалии

Во меѓувреме, американската централна банка ги зголеми каматните стапки, а поскапите заеми ја оптоваруваат ликвидноста на некои земјоделци и ги наведуваат да ја намалат потрошувачката на вештачки ѓубрива и хемикалии, но и да сеат помалку семиња. Ова може да значи помал принос и повисоки трошоци за производство.

Сето ова се случува во време на високи цени и силна светска побарувачка. Американските производители на житарки и маслодајни семиња добро профитираа оваа сезона благодарение на силниот раст на цените на светските берзи поради конфликтот во Украина кој го наруши извозот од регионот на Црното Море.

Нивното задоволство беше заматено од сушата во најдобрите земјоделски области и забрзаното темпо на колење говеда во Тексас. Трошоците за вештачко ѓубриво и гориво нагло пораснаа, како и цената и трошоците за изнајмување земјоделско земјиште.

Вкупните каматни трошоци нагло се зголемија

Вкупните каматни трошоци во американскиот земјоделски сектор треба да достигнат дури 26,45 милијарди долари оваа година и да бидат речиси 32 отсто повисоки од минатата година, покажуваат податоците на американското Министерство за земјоделство.

Тоа би значело дека тие би биле двојно, па дури и повеќе од двојно повисоки од другите економски сектори на САД, вклучително и малопродажбата и фармацевтските производи, каде што биле споредливи или малку повисоки од земјоделството, според Националното биро за статистика.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close