ЕК ја прифати граѓанската иницијатива за заштита на пчелите и земјоделците
Откако ќе биде разгледана иницијативата, во која се бара забрана за синтетички пестициди до 2035 и помош за земјоделците да ја поминат оваа транзиција без проблеми, Европската Комисија треба да даде став дали е потребно да се изготви ново законодавство на ниво на ЕУ. Комисијата може да одлучи и дека не е потребно, или да понуди трета алтернатива.
Организаторите на петицијата за спас на пчелите и на земјоделците собра над еден милион потписи, тие денеска се сретнуваат со две еврокомесарки.
Како што предвидува европското законодавство успешните граѓански петиции мораат да бидат разгледани од страна на Европската Комисија. Иницијаторите на петицијата за земјоделство кое ги негува пчелите имаат средба со потпретседателката на Комисијата, Вера Јурова и еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, на кои ќе им ја презентираат иницијативата во детали.