fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

СТОП за извозот на македонското јаболко во Русија поради кафеавата мермерна бубачка

Русија забрани увоз на јаболка од Македонија

„Росселхознадзор“ од 1 декември воведува привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија во Русија во врска со откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката од земјава. Ова се наведува во пораката на ресорот.

„Од 1 декември 2022 година, Роселхознадзор забранува увоз во Русија на растителни производи од Република Македонија и производи со потекло од оваа земја, но увезени под фитосанитарни сертификати од други држави. Мерките беа преземено поради идентификација на исклучително опасен, за Русија и земјите членки на Евроазиската економска унија инскет – кафеава мермерна бубачка (Halyomorpha halys) во јаболка увезени од Македонија“, се вели во извештајот.
Кафеавата мермерна бубачка е опасен штетник кој им се заканува на различни видови земјоделски производи, што може да доведе до намалување на приносите до 80 отсто од вредните култури, вклучително и житарките и овошјето, наведува агенцијата.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close