fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Не издржа ни една година, забраната за пластични кеси масовно се изигрува

Како да не постои законот и како да не постои проблемот на загадувањето со пластика. Според Заводот за статистика, во 2021 година е произведено енормно количество од 5.800 тони пластични кеси и вреќи, односно секој ден по неверојатни 16 тони. Ваквото екцесивно производство и потрошувачка на пластични кеси со несмалено темпо продолжи и оваа година.

Иницијатива за ослободување од еднократна пластика, една година од стапувањето на сила на повторната забрана на пластичните кеси, порачува дека, како и при првата забрана од 2013 година, и по забраната од 2021, употребата на пластичните кеси продолжува.

-Како да не постои законот и како да не постои проблемот на загадувањето со пластика. Според Заводот за статистика, во 2021 година е произведено енормно количество од 5.800 тони пластични кеси и вреќи, односно секој ден по неверојатни 16 тони. Ваквото екцесивно производство и потрошувачка на пластични кеси со несмалено темпо продолжи и оваа година.

Единствениот позитивен исчекор што е направен е во однос на т.н. биоразградливи пластични кеси кои се продаваат на каса. Иако продолжи употребата и на овие кеси, намалувањето е очигледно. Тоа се должи, покрај на цената што се наплаќа за нив и на знаењето на граѓаните дека постои алтернатива за користењето пластични кеси, имено, платнените торби.

Но, ваквото подобрување не се отсликува кај употребата на останатите пластични кеси. По краткотрајното почитување на законот со пуштање во промет на хартиени кеси за овошје и зеленчук, набрзо следуваше враќање на забранетите пластични кеси, често придружено со трагикомичниот обид за изигрување на законот преку сечење на рачките. На овој начин, дури и се зголеми вкупното количество на пластични кеси, бидејќи ваквите кеси се непрактични, полесно се кинат, па многу граѓани едноставно ги фрлаат, создавајќи дополнително пластично ѓубре, стои во реакцијата. https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close