Афлатоксините нема да ги уништите со варење на млекото
Термична или технолошка обработка на млечните продукти не ги уништува афлатоксините, поради што надлежните пристапуваат кон зачестени контроли овој период од годината, со цел спречување на продукти кои ги содржат да се најдат на трпезата.
Термична или технолошка обработка на млечните продукти не ги уништува афлатоксините, поради што надлежните пристапуваат кон зачестени контроли овој период од годината, со цел спречување на продукти кои ги содржат да се најдат на трпезата. Ова го посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, институција надлежна за контрола на квалитетот на храната која се користи на нашето поднебје.
По информациите во јавноста дека се утврдени млечни производи во кои се пронајден афлатоксин ги запрашавме надлежните колку контроли се прават неделно за проверка на ваквите токсини во млечните производи? Како се одлучува кои типови на производи ќе се проверат? Дали се потребни дополнителни контроли и многу повеќе…
Од Агенцијата за „Фактор“ посочуваат дека млекото и млечните производи се испитуваат согласно Годишниот мониторинг план на афлатоксин М1 и тоа повеќе во есенскиот период и најмногу од соседните земји од кои увезуваме поголеми количини млеко и млечни производи.- Во есенскиот период, можноста за присуство на овие токсини е поголема заради исхраната на домашните животни со добиточна храна која не е добро чувана, или складирана и може да содржи афлатоксини. Афлатоксините потоа се излачуваат во млекото, а понатамошната термичка или друг вид технoлошка преработка на млекото не го уништува афлатоксинот. Доколку се утврди зголемено присуство на афлатоксин во млекото и млечните производи, се зголемува интензитетот на проверки кај пратките кои потекнуваат од производствените објекти од кои е детектиран овој токсин. Ова значи дека од последователните 10 пратки од овој производител, задолжително се земаат примероци од производите за лабораториско тестирање. Производите не се пуштаат во промет, поточно се ставаат под надзор се додека не се добијат резултатите од тестираните примероци со кои се потврдува безбедноста на пратката – објаснуваат од АХВ.https://faktor.mk/